Нема банкарска сметка, ниту возачка дозвола: Гордо носи одело од ѓубре, а зад сето ова се крие шокантна вистина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роб Гринфилд гордо носи „одело од ѓубре“ како дел од проектот кој сака да покаже колку ѓубре фрлаат луѓето секој месец без размислување.

Loading...

Гринфилд шета по улиците на Лос Анџелес и со себе носи околу 28 килограми ѓубре создадено од храната и пијалоците што ги консумирал.

„Повеќето луѓе мислат дека ѓубрето исчезнува откако ќе го фрлиме“, изјави тој за АФП на улиците на елитните продавници во Беверли Хилс.

– Го фрламе во контејнерите, и повеќе не размислуваме за тоа. Мојата цел е визуелно да прикажам колку ѓубре всушност создаваме – рече тој.

Целото ѓубре е во неговиот проѕирен пластичен костум, кој има специјално дизајнирани џебови на рацете, нозете и грбот.

Гринфилд е горд на својот минималистички начин на живот. Нема жиро сметка, ниту возачка дозвола.

Во текот на 2019 година, тој јадеше исклучиво храна што самиот ја одгледуваше.

Но, за потребите на проектот за ”одело од ѓубре”, решил да го остави својот живот на страна и да јаде 30 дена како просечен Американец.

Loading...