Нема алтернатива на членството во ЕУ, се уште постои европското во Унијата, порача Заев

Сподели со своите пријатели

Немаме алтернатива за членството во Европската Унија, и како и претседателот Стево Пендаровски, така и јас јавно размислувам и зборувам, такви се и ставовите на нашата Влада. Не ни требаат бајпас или алтернативни решенија за нашето членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

Loading...

– Северна Македонија и тоа како заслужува како никогаш досега и како никоја досега од земјите кандидати во Европската Унија, да биде членка на Унијата. Реформите се исполнети, покажавме европски примери, одржавме европски лекции со европското однесување дома и со соседите, па и со целата ЕУ, што не прави вистински кандидат на кој Унијата треба да му се посвети, дециден е премиерот.

Тој истакна оти е среќен што се уште постои европското во Европската Унија. – Знам и дека ќе опстои колку и да е драматично, колку и да е психолошки тешко, и заради Ковид и заради некои нови моменти што се јавуваат како дикурс и дебата во ЕУ. Унијата ќе го продолжи патот на своето проширување, а ние земјите од Западен Балкан кои немаме друга алтернатива, ќе продолжиме на нашиот пат кон европеизацијата, посочи Заев.

Премиерот рече дека дома продолжуваме по европскиот пат, европеизацијата на државата нема да застане, дел од овие идните активности се Акција 21, односно десетте приоритети, кои не се поврзани со поглавјата и можеме да почнеме од самиот почеток на годината.

– Продолжуваат и разговорите до изнаоѓање решение, а се надевам дека првата половина од 2021 година во многу порелаксирани околности и во двете земји ќе можеме да изнајдеме решение за да продолжиме и во формалностите во делот на одржувањето на првата меѓувладина конференција, а натаму и со отворање и затворање на поглавјата, вели Заев.

Во однос на тоа дали земјава ќе ја додели заштитата на нашето небо на Бугарија, со оглед на последните провокации, Заев рече дека Владата донела одлука да и понуди на Софија да биде втората земја, по Грција, што ќе го покрива македонското небо со своите авионски ескадрили, затоа што ги исполнува стандардите за тоа.

– Благодарни сме на понудата и од Турција и од Италија, но сепак имаме соседи, покрај Грција, тоа е и Бугарија. Ние остануваме на понудата со оглед на тоа дека тоа ќе влијае и на бугарскиот народ и на нивните претставници, што значи пренесување комплетна доверба за да градиме пријателство. Остануваме на таа насока, допрва следуваат и процедурите, рече Заев.

Неда Димова-Прокиќ

Loading...

Leave a Reply