Некст тајм и Џенан Лончаревиќ вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дуото „Некст тајм“ и српскиот пејач Џенан Лончаревиќ вечерва со почеток во 20:00 часот ќе настапат на градскиот плоштад во Куманово, како дел од втората вечер од одбележувањето на 500-годишниот јубилеј на градот.

Loading...

Браќата Мартин и Стефан од „Некст тајм“ специјално ќе ја изведат пред кумановската публика песната „Јовка Кумановка“ која е снимена посебно за оваа прилика, благодарение на соработката со Општина Куманово и компанијата „Екстра меин“.

По настапот на македонското дуо, ќе следува Џенан Лончаревиќ.

Како изгледаше вчерашната атмосфера од првата вечер погледнете ТУКА.

Leave a Reply