Неколку шумски пожари гаснеле вчера пожарникарите на Куманово

Сподели со своите пријатели

Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат неколку интервенции на шумски пожари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 14:!5 часот на територијата на општината Старо Нагоричане во селото Арбанашко, две екипи биле испратени да се справат со пожар во кој била зафатена борова шума  на засега непозната површина. Пожарникарите успеале да го ликвидираат огнот дури во 22:45 часот. Причината за избувнување на истиот е непозната.

Во 16:10 часот екипата од тројца пожарникари со едно противпожарно возило било упатен во селото К’шање за да изгасне опожарена сува трева и деградирана шума. И оваа интервенција траела со часови, па кумановските пожарникари го локализирале дури во 20:10 часот.

Екипите на ТППЕ Куманово биле ангажирани и во гаснење пожари во атарот на селата Ругинце и Коњу. Две противпожарни возила со шестмина пожарникари биле испратени на терен во 17:05 часот а интервенирале се до 21:10 часот. Подетални информации за овој пожар се најавени за текот на денешниот ден.

 

Loading...