Неколку села во општина Куманово, поради дефект се без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Според информацијата доставена околу 14 часот од страна на ЕВН Македонија, а пернесена од Регионалниот центар за управување со кризи, на територијата на општина Куманово неколку населени места се без електрична енергија.

Loading...

Причина за прекин во снабдувањето е дефект на електродистрибутивната мрежа, а станува збор за локацијата Краста и селата Пчиња, Студена Бара, Винце и Биљановце.

Екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на нормализирање на електричното напојување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.