Неколку села без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Повеќе населени места низ кумановско денеска ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 07:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе остане депонијата Краста, како и селата:  Винце, Студена Бара, Вакав, Биљановце и населбата Јане Сандански.

Во период од 08:30 до 15:30 прекин на електричнате енергија ќе има на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради итервенција во дистрибутивната мрежа.

 

Loading...