Неколку пожари во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Полни раце работа имале пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Според Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, кумановските пожарникари бележат интервенција на запален смет во населбата Перо Чичо.

Во период од 20:23 до 20:45 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

На месноста Никуљски пат, пак, горело стрниште. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 20:45 до 22:05 часот.

Најголема била интервенцијата во липковското село Никуштак каде изгорела сува трева и детелина на површина од околу шест декари.

Во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 15 лица, од кои тројца пожарникари на ТППЕ Куманово и мештани на селото. Со огнените јазици се бореле со часови, односно од 11:30 до 16:10 часот.

Интервенција во текот на изминатото деноноќие бележат и пожарникарите во Старо Нагоричане. Во атарот на селото Челопек гаснеле запалено стрниште во период од 00:10 до 01:20 часот.

Интервенирале двајца пожарникари со две противпожарни возила.

Loading...

Никола Ивановски