Неколку пожари вчера во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Низ поширокиот кумановски крај, вклучително и општините Старо Нагоричане и Липково, вчера имало неколку пожари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 11:25 часот избувнал пожар во собите на поранешен Хотел „Кристал“, каде горел смет во напуштените простории.  Петмина пожарникари со две противпожарни возила интервенирале до 14:10 часот.

Пожар имало и кај муслиманските гробишта каде горела сува трева. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 13:30 до 16:05 часот.

Сува трева горела и покрај автопатот Куманово – Скопје во близина на бензинската станица „Лукоил“. Во период од 14:10 до 14:50 часот интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Во селото Лојане во Општина Старо нагоричане горела сува трева при то на терен околу 17:55 часот излегле петмина пожарникари на ТППЕ Куманово.

Откако го изгаснале тој пожар веднаш се упатиле кон селото Слупчане каде исто така горела сува трева, по што интервенцијата конечно ја завршиле во 21:45 часот.

Пожари имало и на подрачјето на Општина Старо нагоричане.

Во селото Никуљане гореле сува трева, стрниште и ниско-стеблеста вегетација при што двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале во период од 14:55 до 16:20 часот.

Loading...

Во селото Младо Нагоричане гореле сува трева и шашки од пченка. Двајца пожарникари го гаснеле огнот од 18:0 до 18:45 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар над Манастирот во Матејче

Во овој момент според последните информации на РЦУК, нема активни пожари на поширокиот кумановски регион.

Никола Ивановски