Неколку повредени лица во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две со полесни при сообраќајна незгода која во сабота околу 12 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу трактор „ИМТ 533“ со лесна приколка со светиниколски регистарски ознаки сопственост и управувано од Р.Д.(60) и патничко моторно возило „Форд транзит“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Д.В.(21) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот на тракторот Р.Н.(20) од Св.Николе и истите биле задржани во КБ – Штип за понатамошно лекување, додека возачот на автомобилот „Форд“ и сопатниците се здобиле со полесни повреди, на истите им била укажана лекарска помош и се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност – Свети Николе.