Неколку пешаци повредени во тешка сообраќајна несреќа (фото)

Сподели со своите пријатели

Неколку лица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 21 часот се случи на крстосницата кај булеварот „Отковмриска револуција“ пред Спортската сала.

 

Loading...

DSC_0008

 

ВО сообраќајната несреќа учествувале три возила кои имаат претрпено значителна материјална штета, а делови од автомобили има разлетано наоколу. Според првичните информации на очевидците повредени се мајка со две мали деца, уште две други деца и возач на еден од автомобилите. Некои од повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во болница и моментално се на Одделението за хирургија.

 

DSC_0004

 

Прва помош укажа и лекарот на Кошаркарскиот клуб Куманово кој се најде на самото место, а полицијата моментално врши увид.

 

DSC_0002

Loading...

 

Полициски службеник вербално го нападна фотографот на Кумановски Муабети, а потоа удри шлаканица на дете кое беше во близина.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.