Неколку локации во Куманово денеска без вода

Сподели со своите пријатели

Без вода денеска во Куманово ќе бидат неколку локации поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има во населбата Јане Сандански, улицата „Народна Револуција“ бр. 93, улица „Бошко Буха“ бр. 9 и населбата Долно Којнаре.

Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ освен санации на овие дефекти, денеска ќе работи и на сервисирање на фонтаните за вода за пиење.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига