Неколку лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, меѓу нив и малолетник

Сподели со своите пријатели

На магистрален пат Куманово – Крива Паланка вчера околу 02:03 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Leave a Reply