Неколку кумановски села без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку кумановски села се без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Не е познато кога селата останале без струја, но се претпоставува дека прекините се од вчеравечер кога имаше поголемо невреме.

Станува збор за селага: Алешевце, Руиница, Извор, Бељановце, Отља и околните липковски села, Пчиња, Студена Бара и Вак’в, Ропаљце, Гошине и Лукаре.

Останува непознато кога ќе се нормализира снабдувањето.