Неколку израелски проектили погодија станбена зона во Дамаск

Сподели со своите пријатели

Неколку израелски проектили денеска погодија станбена зона на сирискиот главен град Дамаск, јави новинската агенција САНА, додавајќи дека цел на израелската армија била станбена зграда во областа Кафр Суса.

Loading...

Засега нема повеќе информации за нападот.

Британската агенција Ројтерс објави дека во тој дел на Дамаск се наоѓа седиштето на неколку безбедносни агенции и дека тој дел од градот бил цел на израелски напад во февруари 2023 година во кој загинаа ирански воени експерти, пренесува Танјуг.