Неколку ГМО луѓе веќе шетаат меѓу нас

Сподели со своите пријатели

Се формира впечаток дека човештвото ги пречекори границите: кинескиот научник Хе Џанкуи на 26 ноември соопшти дека се родени близнаци со гени кои тој ги изменил додека се уште биле ембриони.

Loading...

Но, на некој начин тоа не се вести. Неколку генетски модифицирани луѓе веќе одат меѓу нас. Кон средината на деведесеттите години, неколкумина лекари од Њу Џерзи кои се занимаваат со плодност се посомневале дека некои жени не можат да забременат поради неисправен материјал во јајце клетките. За да ги подмладат, лекарите од јајце клетките на здрави жени земале дел од материјата и со инекција ја внеле во јајце клетките на своите пациентки пред да биде изведено вонтепелсното оплодување.

Лекарите за таа процедура не добиле дозвола од американската Управа за храна и лекови, а дури откако пациентките биле дел од ваков третман и родиле здрави бебиња, лекарите ги споделиле вестите.

Некои луѓе, биле шокирани. Нашите клетки работа со помош на митохондрии од кои секоја ги носи сопствените гени. Тоа практично значи дека лекарите од Њу Џерзи можеби создале деца кои носат ДНК на тројца, наместо двајца родители.

Тоа и бил случајот. Лекарите откриле дека некои деца носеле митохондриски геном на давател. Во извештајот од 2001 година ова го нарекле „прв случај на човечка генетска модификација која резултирала со нормални, здрави деца“.

Управата за лекови била незадоволна и барала клиниките да извршат тестирање на оваа метода. Во меѓувреме клиниките се откажале од инјектирање на јаце клетките. Дотогаш, родени се десетина деца со измешана ДНК. Лекарите од Њу Џерси подоцна пронашле неколку вакви деца и не откриле ништо невообичаено во врска со нивното здравје.

Др. Хе од Универзитетот за наука и технологија во Шенжен во ноември соопшти дека создал две генетски модифицирани бебиња менувајќи ДНК во ембрионот со помош на технологија наречена „Crispr“.

Тој од генот CCR5 отстранил дел од ДНК. Луѓето во чии гени се наоѓа споменатиот генетски материјал наводно биле имуни на ХИВ инфекции.

Loading...

Хе детално го претставил својот труд на конференција во Хонг Конг. Организаторите на средбата го нарекле раѓањето на близнаците „неодговорно“. Кинеската влада тоа го нарече илегално.

Глен Коен од Харвард размислува што би можело да следува.

– Ќе се донесе стриктна регулатива. Кога луѓето се исплашени донесуваат одлуки кои не се суптилни, смета тој.

Научниците во Велика Бритнаија разгледувале користење терапија со замена на митохондрии во човечките јајце клетки. По расправата, парламентот во 2015 година ја одобрил процедурата.

Министерството за здравје во февруари соопштило дека третманот е одобрен за две жени на клиника во Њукасл. Клиниката одбила да открива дали бебињата веќе се родени.

Leave a Reply