Неколку дефекти на водоводната мрежа во Куманово

Сподели со своите пријатели

На неколку локации во Куманово во текот на денот ќе има прекин на снабдувањето со вода, поради дефекти во дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи дефект има на главниот доводен вод до филтер станицата.

Освен таму, дефект има и на неколку улици во градот и тоа: „Србо Томовиќ“, „Саво Ковачевиќ“, село Черкези, улиците „Ѓорче Петров“ (Гладно Поле), „Драги Шутевски“, „Карл Маркс“ и „Никола Тесла“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply