Островот Алкатраз е сместен во заливот на Сан Франциско на 2,4 километри од брегот на Сан Франциско, Калифорнија, САД. Честопати именуван како „Карпата“, малиот остров бил опремен за светилник, воена тврдина, воен затвор и Сојузно биро за затворски казни, федерален затвор сè до 21 март 1963 година. Во ноември 1969 година, островот бил окупиран повеќе од 19 месеци од група Индијанци од Сан Франциско кои биле дел од бран на индијански активизам низ целата земја со јавни протести во текот на 1970–тите. Во 1972 година, Алкатраз прераснал во рекреативен простор и го добил називот на Народна историска знаменитост во 1986 година. Денес, опремата на островот ја користи службата на Националниот парк како дел од Националниот рекреативен простор „Голден Гејт“, отворен за обиколки. Посетителите можат да стигнат до островот со траект од Пристаништето 33, во близина на риболовното пристаниште во Сан Франциско. Во 2008 година, првиот хибриден траект започнал да го опслужува островот.
Американската дисциплинарна касарна на Алкатраз била присвоена од американското Министерство за правда на 12 октомври 1933 година, а островот прераснал во Федерално биро за затвори, федерален затвор во август 1934 година. Алкатраз бил дизајниран за чување на затвореници кои постојано предизвикувале проблеми во други федерални затвори. За време на 29 – годишната употреба, затворот имал познати затвореници како: Ал Капоне, Роберт Френклин Страуд (Одгледувачот на птици од Алкатраз), Џорџ Кели – Митралез, Бампи Џонсон, Рафаел Кансел Миранда (член на порториканската Националистичка партија која ја нападна зградата на Конгресот во САД во 1954 година), Мики Коен, Артур Р. Бејркер – Доктор, Џејмс Балгер – Белец и Алвин Карпис – Морничав (што отслужил повеќе казни во Алкатраз од било кој друг затвореник). Обезбедувал и сместување за персоналот на Федералното биро и за нивните семејства.
Обиди за бегство
Во текот на 29- годишната функционирање, затворот тврдел дека ниеден затвореник не успеал да побегне. Вкупно 36 затвореници направиле 14 обиди за бегство, двајца од нив се обиделе двапати, 23 биле фатени , шестмина биле застрелани и убиени додека се обидувале да побегнат, а торјца избегале и никогаш не биле пронајдени. Најжестокото се случило на 2 мај 1946 година, кога неуспешен обид за бегство на група од шест затвореници довел до Битката на Алкатраз. На 11 јуни 1962 година, Френк Морис, Џон Енглин и Клеренс Енглин го спровеле најкомплексното бегство некогаш испланирано. Позади ќелиите на затворениците во Блок Б (каде затворениците биле затворени) помошен ходник широк 0, 91 метар бил оставен без заштита. Затворениците го издлабале бетонот што бил оштетен од влага околу вентилацијата која водела до овој ходник, со употреба на алатки, како што е метална лажица залемена со сребро од монета (од 10 центи) и импровизирана електрична дупчалка од украден мотор на правосмукалка. Вревата била прикривана со свирење хармоника за време на музичкиот час, а напредувањето било прикривано со лажни ѕидови, кои во темните вдлабнатини на ќелиите, ги мамеле стражарите. Маршутата за бегството водела до вентилатор, зтворениците го отстраниле вентилаторот и моторот, заменувајќи ги со челична решетка и оставајќи доволно голем отвор за да можат затворениците да влезат. Кога украле абразивна жица од карборундум од затворската работилница, затворениците ги отстраниле нитните од сапун. Исто така, бегалците направиле чамец на пумпање од неколку украдени мантили за дожд за патот до копното. Тие избегале оставајќи ги лажните папијемаше (papier-mâché) во нивните ќелии, прилепени со украдена човечка коса од берберницата. Се смета дека затворениците навлегле во заливот на Сан Франциско во 10 часот навечер. Официјалната истрага на ФБИ била потпомогната од друг затвореник, Ален Вест кој бил дел од групата на бегалци , но бил оставен позади (лажниот ѕид на Вест продолжил да паѓа, па тој го прицврстил со цемент, кога браќата Енглин го забрзале распоредот, Вест очајно го гребел ѕидот, но, додека тој да излезе неговите ортаци веќе биле заминати). Предметите што им припаѓале на затворениците (вклучувајќи весла од шперплоча и делови од скеле ) биле пронајдени во близина Островот Ејнџел. Во официјалниот извештај за бегството стои дека затворениците се удавиле во ладните води на заливот додека се обидувале да стигнат до копното. Обидот бил тема на филмот „Бегството од Алкатраз“ од 1979 година, со сценарио на Ричард Тагл и во режија на Дон Сигл и во главните улоги Клинт Иствуд како Френк Морис, Џек Тајбо како Кларенс Енглин и Фред Ворд како Џон Енглин. Филмот имплицира дека тројцата успеале. Митбастерс го истражиле инцидентот завршувајќи со убедување дека тројцата го преживеале нивниот сложен обид за бегство. Бегството било истражувано на каналот на Нешнал Џиографик во 2011 година, во програма под наслов „Исчезнати од Алкатраз“. Според најновите неоткриени официјални податоци за кои се дискутирало во програмата, било пронајдено скеле на Островот Ејнџел со стапки кои воделе далеку од тоа место. Исто така имало и пријава за украдена кола во таа област истата вечер, која би можела да биде искористена од Морис и другите бегалци. Сепак, додека да се потврдатвовие факти, кои долго време биле прикривани од властите, наодите од понатамошните истражувања остануваат недовршени. Како резултат на тоа, американската канцеларија на Маршалот сеуште го истражува случајов, кој ќе остане отворен за сите тројца бегалци се до нивните 100–ти родендени.