Некој сепак го преживеал Алкатраз: Пристигна писмо по цели 56 години

Сподели со своите пријатели

Џон и Кларенс Англин и Франк Морис во 1962 година избегале од Алкатраз и влегле во легендите – никогаш не се фатени, а не се пронајдени ниту нивните тела, па останува вистинска мистерија дали овие тројца затвореници го преживеале бегството или од тука навистина е невозможно да се излезе жив.

Нивнта приказна го инспирирала истоимениот филм „Escape from Alcatraz“, со Клинт Иствуд во главната улога, но целата приказна сега добила и продолжение откако ФБИ потврдил дека повторно го истражува случајот.

Во јавноста имено протече информација дека локалната полиција во 2013. година примила рачно напишано писмо во кое Џонг Англин тврди дека сите тројца преживеале. Притоа и детално опишува како тоа им успеало, па моли за спогодба, според која во затворот би поминал уште година дена, а потоа и службено да стане слободен човек.

– Моето име е Џонг Англин. Избегав од Алкатраз во јуни 1962. година со својот брат Кларенс и Франк Морис. Имам 83 години, имам рак и во лоша состојба сум. Да, сите го преживеавме бегството, пишува во писмото кое го примила полицијата на Сан Франциско.

Писмото е проследено до ФБИ, по што биле направено неколку тестирања, но не е потврдено дали навистина го напишал Англин или е во прашање измама.

 

Loading...

 

Според писмото, тројцата крадџи ги пробиле вентилациските отвори на ширина доволна за возрасен човек и така избегале од затворот. Чуварите ги мамеле со кукли кои ги направиле, кои дури имале и човечка коса, за да нивното бегство не биде веднаш откриено. За да дојдат до копно, користеле кабаници и елеци за спасување, тврди Англин.

Ако писмото е автентично, тој крадец на банки денеска живее во Јужна Калифорнија, додека неговиот брат починал во 2011, а Фен во 2008 година.

– Ако на телевизија јавно ветите дека во затворот ќе минам максимално година дена и притоа ќе добивам медицинска грижа, повторно ќе ви пишам и ќе откријам каде точно се наоѓам. Ова не е шега, напишал наводниот Англин.

Полицијата ја отфрлила опцијата.

– Немаме никаква причина да веруваме дека некој од нив гтројца толку се променил денеска да го почитува законот, стои во службениот допис на полицијата.

Сите тројца во Алкатраз имено се нашле по повторени неуспешни обиди за бегство од затвор во Атланта.

ФБИ случајот и натаму го држи отворен.

На следната стрница прочитајте се што не сте знаеле за Алкатраз.

Pages: 1 2