Некои американски држави носат нови закони за оружје

Сподели со своите пријатели

Серијата масовни убиства низ Соединетите Американски Држави ја рестартираа дебатата за тоа што треба да се направи за да се спречи вооруженото насилство во Америка.

Loading...

Некои држави решија да застанат на патот на децениската инерција на Конгресот по ова прашање и да донесат свои закони кои се однесуваат на масовно вооружено насилство..

Гувернерката на Њујорк, Кејти Хокул потпиша закон со кој се зголемува старосната граница за купување на полуавтоматски пушки од 18 на 21 година.

Истовремено се зајакнуваат законите кои им дозволуваат на работниците од менталното здравје и на полицијата да конфискува оружје од лице за кое има индиции дека е опасно, пренесува Гласот на Америка.

Мерката е донесена по масакрот во супермаркетот во Бафало, каде 18-годишен белец уби 10 Афроамериканци.

Десет дена подоцна, 18-годишник уби 19 деца и двајца учители во основното училиште во Јувалде.

„Постојано се повторуваат масовни убиства. Морам да се запрашам, кога станавме нација која повеќе го штити правото на оружје отколку правото на живот на детето? Кога се случи тоа“, рече Хокул.

И додека Њујорк ги заострува своите закони, Врховниот суд на САД овој месец треба да донесе одлука за уредба во Њујорк со која строго се забранува носење оружје на јавно место.

Loading...

Експертите веруваат дека доколку Врховниот суд го поништи законот во Њујорк, слични закони ќе паднат и во Мериленд, Калифорнија, Конектикат, Масачусетс.

Некои држави предводени од демократите сакаат да ги заострат законите за оружје, додека државите предводени од републиканците веруваат дека постојат други начини да се спречат масовните убиства, од кои само оваа година имало повеќе од 250 во Америка.

Охајо донесе закон кој им дозволува на наставниците да носат огнено оружје и издвојува повеќе пари за обезбедување училишта и универзитети.

Во Тексас, републиканските пратеници предлагаат училишните полицајци да бидат подобро вооружени, што потоа ќе го олесни спречувањето на напаѓачите да влезат.

Во Вашингтон сè уште не е познато дали републиканците и демократите можат да се обединат околу некои мерки за вооружено насилство.

Претставничкиот дом, предводен од демократите, во средата усвои закон со кој се зголеми старосната граница за купување полуавтоматски пушки кои можат да држат до 15 куршуми.

Но, тешко дека овој закон ќе помине во Сенатот, каде што демократите имаат тесно мнозинство од 50 места, а потребни се 60 гласа.