Нејмар сепак потешко повреден

Сподели со своите пријатели

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар во неделата на дуелот со Олимпик Марсеј беше повреден во 77. минута по што на носилки го напушти теренот.

Во текот на вчерашниот ден од ПСЖ соопштија дека не се работи за сериозна повреда и дека Бразилецот брзо ќе се врати на теренот. Сепак, по деталните снимки беше откриено дека Нејмар има фрактура на зглобот (метатарзална коска).

ПСЖ не кажа колку долго ќе бразилскиот фудбалер ќе биде надвор од терените, но обично закрепнувањето од ваквата повреда трае два до три месеци.

Ова може да значи дека Нејмар може да го пропушти остатокот од сезоната./МИА

Leave a Reply