Неисправна греалка предизвикала пожар во семеен дом во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера околу пладне избувнал во семеен дом во населбата Ајдучка чешма во Куманово, а причината била неисправна електрична греалка.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот бил со мал интензитет и сопственикот го изгаснал самиот додека да пристигне противпожарната екипа.

Во 13:25 часот на терен пристигнале петмина пожарникари со едно противпожарно возило кои  извршиле контрола на опожарениот дел од објектот и констатирале дека пожарот е ликвидиран.

Причина за избувнување пожарот била неисправна електрична греалка, а причинета е материјална штета.

Никола Ивановски