Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена во Хирошима

Сподели со своите пријатели

Предмет за кој се сомнева дека е неексплодирана бомба од Втората светска војна е пронајден на кампусот на Универзитетот во Хирошима, соопшти локалната полиција.

Објектот, долг околу 90 сантиметри и со дијаметар од 25 сантиметри, е откриен утрово околу 10:20 часот на градилиштето на кампусот Касуми во округот Минами, објави „Кјодо“.

Го пронашле работници за време на ископувањата како дел од уривањето на зградата на Фармацевтскиот факултет.

Loading...

Пристапот до локацијата е ограничен, а сите попладневни часови се откажани.

На местото на настанот беа повикани сили за самоодбрана за безбедно отстранување на предметот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина покажа невидено оружје од кое Западот се плаши (ВИДЕО)

Кампусот се наоѓа околу 1,8 километри јужно од Централната станица Хирошима.