Недвижностите на Алпите побарани од кога било

Сподели со своите пријатели

Имотите за одмор во планините се повеќе барани од кога било пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, а на глобално ниво Алпите се особено популарни кај купувачите, изјави денеска претставникот на британската консултантска компанија за недвижнини Savills, Џереми Роласон, пренесува Танјуг.

Loading...

Истражувањето меѓу меѓународните купувачи на недвижности, спроведено од конкурентската компанија „Најт Френк“ ги покажува истите резултати.

Додека 11 отсто размислуваа да инвестираат во недвижен имот во скијачка област пред пандемијата, тој процент се зголеми на 18 отсто по пандемијата, објави Frankfurter Algemeinschaftung.

Весникот наведува дека овој тренд влијаел и на цените, така што во изминатите две години цените на недвижностите се зголемиле за повеќе од 20 отсто во познатите скијачки центри, особено, на пример, во Шамони во Франција за повеќе од 41 отсто и во Зас-Феу во Швајцарија за 34 проценти.