Неделна временска прогноза за Куманово: Температури и до 29 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна ќе изнесува 28 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 29 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне се очекува мало наоблачување што ќе донесе услови за нестабилност проследени со дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина од 50 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од 9 степени во утринските часови, до максимални 22 во текот на денот.

Loading...

Во четврток ќе имаме сончево и мирно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

 

 

Сончево време со мала облачност ќе имаме в петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

Во сабота ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.

Недела носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 29 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Топло и стабилно време се очекува да се задржи и во првите денови од следната работна недела.

Никола Ивановски