Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со слаб локален дожд, а на високите планини ќе врне слаб снег.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток.

Утринската температура ќе се спушти до нула степени, а максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува поставувањето полуподземни контејнери низ Куманово (ВИДЕО)

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од два стеени во утринските часови до максимални 13 во текот на денот.

Среда носи облачно време со слаб до умерен ветер од јуќен правец. Темпепратурата ќе се движи во интервал од два степени во утринските часови до максимални 16 во текот на денот.

Во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуќен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставени контејнери за собирање на текстилен отпад во Куманово (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и слаби услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 15 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу пет степени целзиусови, а максималната ќе достигне дури 18 степени.

Недела носи облачно време со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од три степени во утринските часови до максимални 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

 

 

Претежно сончево и суво време со високи дневни температури ќе имаме и следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски