Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде висок, со коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува сосема слаб северен ветер, а услови за нестабилност се можни дури во вечерните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Во деновите кои следуваат нема да има драстични промени во однос на метео прогнозата.

Вторник носи локализирани врнежи од дожд и невреме со грмотевици, особено изразено во попладневните часови. Максималната дневна температура утре ќе достигне 24 степени целизусови.

Loading...

Исто време може да очекуваме и во среда, кога шансите за нестабилност ќе бидат помали.

Сепак четврток повторно ќе ги врати попладневните грмотевици и врнежи од дожд. Максималната дневна температура во однос на среда, ќе биде повисока за еден степен и ќе изнесува 25 степени целзиусови.

Дваесет и четири степени повторно се враќаат на метео мапата во петок, кога исто така во попладневните часови се очекува локална нестабилност.

 

 

Без значителни промени ќе биде температурниот максимум и за време на викендот, но условите за нестабилност и дожд ќе исчезнуваат.

Никола Ивановски / извор: accuweather

Loading...

Leave a Reply