Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време во претпладневните часови. Попладне е можна изолирана појава на нестабилност со врнежи од дожд и електрични празнења. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 31 степен.

Среда носи стабилно, сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

Уште потопло ќе биде времето во четврток. Ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 19 степни во утринските часови до максимални 35 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

 

Loading...

 

Петок ќе биде најтоплиот ден неделава. Ќе дуба слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде околу 18 степени, а дневниот максимум до високи 37 степени целзиусови.

Сабота носи пад на температурите и услови за врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северне, односно северозападен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 31 степен.

Во недела ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

 

 

Од следната работна недела следува врнежливо време.

Loading...

Никола Ивановски