Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови. Попладне ќе има услови за нестабилност, проследена со врнежи од дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

Loading...

 

Утре во кумановско нѐ очекува слично време. Претежно сончево претплдне и попладне со услови за нестабилност со дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Среда носи сончево до умерено облачно време, но без услови за дожд и нестабилност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Во четврток ќе имаме претежно сончево, топло и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

Loading...

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

Сабота носи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

Сончево време со мала облачност ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 14 степени во утринските часови, до максимални 26 степени целзиусови во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

Следната работна недела ќе имаме претежно сончево време и температури над 30 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Loading...