Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната од 11 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 14 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме повеќе сонце со мала до умерена облачност. Утринската температура и натаму ќе се движи околу првиот степен во позитива, додека максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

Слично ќе биде и в среда, кога утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум до 13 степени.

Променливо облачно ќе биде во четврток, со кратки сончеви периоди. Температурата во утринските часови се очекува да биде околу четири степени целзиусови, додека максималната дневна прогнозирана за овој ден од неделата изнесува 14 степени.

 

 

Во петок ќе имаме претежно облачно време со сосема крати сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 15 степени целзиусови.

Loading...

Претстојниот викенд ќе се задржи стабилно и суво време.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува пет степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 14 степени целзиусови.

Потполно исто време ќе имаме и в недела, кога дневниот максимум исто така ќе достигне 14 степени.

 

 

Слично време ќе се задржи и кон почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...