Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 20 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре ќе се задржи претежно сончево до умерено облачно време, но ќе има мал пад на температурата. Утринската ќе изнесува шест степени, а максималната дневна 15.

Среда носи зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд. Пад ќе забележи и утринската температура која ќе биде околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени.

Слично ќе биде и во четврток кога исто така ќе има услови за дожд. Минималната температура ќе биде два степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 11 степени целизусови.

Петок носи разведрување и сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна според прогнозите ќе достигне 13 степени.

 

 

Loading...

Првиот ден од викендот носи зголемување на облачноста со пократки сончеви периоди. Температурата во утринските часови ќе биде околу третиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени.

Поголемо наоблачување со услови за дожд ќе има во недела. Утринската температура ќе биде околу четири степени, со дневен максимум околу 12 степени целзиусови.

 

 

Врнежи се очекуваат и во следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply