Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Од утре ќе започне раст на дневната температура. Во текот на вторник ќе имаме слично време како и денеска, со утринска температура еден степен под нулата, а дневен максимум до 12 степени.

Среда носи потопло и доста сончево време. Утринската температура ќе биде еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 16 степени целзиусови.

Во четврток нѐ очекува повторно сончево и топло време. Температурата во раните часови ќе биде еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе изнесува 17 степени.

Претежно облачно време ќе имаме в петок, кога утринската температура ќе биде два степени, а дневниот максимум повторно 17.

 

 

Претстојниот викенд повторно носи пад на температурата, но и услови за врнежи од дожд.

Loading...

Во сабота времето ќе биде облачно со услови за слаби врнежи од доќд. Минималната температура ќе изнесува минус еден степен, а максималната дневна 12 степени целзиусови.

Во недела ќе престанат врнежите и ќе настапи преодно намалување на облачноста. Температурата во утринските часови ќе биде три степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 13 степени.

 

 

Стартот на новата работна недела носи стабилно време, но веќе од средината на истата ќе има повторно врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Leave a Reply