Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови.

Loading...

Ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен уште од изутрина во пошироко Повардарие, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, но со ниски облаци и магла. Утринската температура ќе изнесува три степени под нулата, а во текот на денот ќе достигне до четири степени во позитива.

 

 

Во вторник ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата ќе се движи од -3 степени во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.

Loading...

Слично ќе биде и во среда, кога по утринскиот максимум од два степени под нулата, ќе имаме осум степени максимална дневна температура.

Делумно сончево ќе биде во четврток кога температурата ќе се движи од -3 степени во утринските часови до максимални девет во текот на денот.

Петок носи периоди со сонце и облаци. Температурата ќе се движи од -2 наутро до максимална дневна вредност од девет степени.

Сончево до умерено облачно ќе биде и на почетокот на следниот викенд, кога утринската температура ќе биде еден степен под нулата, а дневниот максимум околу седмиот степен.

Во недела ќе имаме слично време со -1 во утринските часови, а осум степени во текот на денот.

 

 

Loading...

Почетокот на новата работна недела носи услови и за врнежи од дожд.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply