Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла.

Loading...

Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од утрински 2 степени до максимална дневна 13.

Утре се очекува поголема облачност во текот на денот. Зголемување ќе бележи утринската температура кога ќе имаме 7 степени, а максималната дневна ќе остане иста во однос на денешната.

Среда носи целосно наоблачување и врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од утрински 4 до максимална дневна од 10 степени целзиусови.

Во четвротк ќе се задржи претежно облачното време, но без услови за врнежи. Утринската температура ќе биде за прв пат под нулата оваа есен и ќе изнесува -1, додека максималната дневна ќе се искачи до 11 степени.

Во петок ќе имаме делумно сончево време со температури од 0 степени во текот на утрото до 9 во текот на денот.

Следниот викенд носи доста пониски утрински температури кои ќе бидат подлабоко под нулата.

Loading...

Во сабота ќе имаме претежно облачно време. Во текот на утрото температурата ќе се спушти до -3, а пад ќе се забележи и кај максималната дневна која се очекува да изнесува само шест степени.

Во недела се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд, но нема да направи промени во утринската или максималната дневна температура.

Слично ќе биде времето и на почетокот на следната работна недела.

Извор: accuweather / Никола Ивановски

Leave a Reply