Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период.

Loading...

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе достигне 15 степени целзиусови, а утринската ќе се спушти до само 2 степени.

 

 

Во вторник ќе имаме слично време. Утринската температура ќе изнесува 2, а максималната дневна 16 степени.

Среда носи за еден степен повисок дневен максимум, но утринската температура и натаму ќе биде ниска со минимална вредност од три степени.

Loading...

Во четврток ќе имаме претежно сончево време. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 19 степени.

Во петок ќе биде најтопло. Утринската температура ќе изнесува 5, а максималната дневна 21 степен.

Викендот што претстои носи претежно стабилно време без услови за дожд.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply