Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утрото ќе биде доста свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 27 степени целзиусови.

Како што појаснуваат од УХМР од утре следува период со повремено зголемување на облачноста и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните и вечерните часови, и претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.

Во Куманово и околината утре ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе се движи до 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 28.

Еден степен пониска температура и услови за слаба појава на нестабилност со грмежи и врнежи ќе имаме во среда. Утринската температура ќе изнесува 14, а максималната дневна 27 степени.

Четврток носи сончево до умерено облачно време со утрински температури до 13, а максимални дневни до 26 степени.

Нешто потопло ќе биде во петок кога ќе имаме сончево до умерено облачно време и дневен максимум од 28 степени целзиусови.

Loading...

За сабота се најавени врнежи и грмежи. Утринската ќе се движи до 10, а максималната дневна до 28 степени.

Поголем пад на температурата се очекува во недела, кога ќе имаме сончево до умерено облачно време, со утринска температура од 9, а максимална дневна од 23 степени целзиусови.

Поголем пад на температурите се очекува од стартот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply