Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло време, а на повеќе места максималната температура ќе надминува 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време, а дневниот максимум ќе достигне 35 степени целзиусови.

Од утре ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневната температура постепено ќе опаѓа, велат од УХМР.

Во вторник во кумановско претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне се очекува развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.

Среда носи мал пад на температурата, но нема да има врнежи од дожд. Времето ќе биде сончево до умерено облачно со дневен маскимум од 28 степени.

Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне се најавени услови за врнежи од дожд проследени со електрични празнења. Максимумот во термометарот тој ден ќе достигне 30 степени.

Слично време ќе имаме и во петок, но со пад на дневнате температура за три степени.

Претстојниот викенд ќе имаме стабилно и топло време.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply