Неделна прогноза за Куманово: Услови за дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови.

Loading...

Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од источен, односно југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу вториот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до седум степени целзиусови.

Среда носи постабилно, но и натаму облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб  до умерен ветер од западен, односно северозапден правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне до седмиот степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Четврток носи сончево до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималнта дневна температура се очекува да се искачи до четвртиот степен целзиусов.

Loading...

 

 

Ноќта кон петок се очекуваат слаби врнежи од снег.

Во петок ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерне до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи на два степени над нулата.

Сабота носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне до петито степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Недела носи слично време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, а максималната до петиот степен.

 

Loading...

 

Следната работна недела се очекува и пад на дневниот и утринските температури.

Никола Ивановски