Неделна прогноза за Куманово: Услови за дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне на места врнежите ќебидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне се очекува и можна појава на грмотевици.

Температурата ќе биде во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 14 во текот на денот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставени контејнери за собирање на текстилен отпад во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и грмотевици во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 15 степени целзиусови.

Четврток носи претжено облачно време со можност за врнежи и грмежи во текот на денот и слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. утринската температура ќе се движи околу петиот степен, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 17 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во петок ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце, но и за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи во интервал од 6 степени во утринските  часови до максимални 19 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Портокалов метео аларм за силен ветер и високи температури

Умерено облачно време со услови за врнежи од дожд и електрични празнења ќе имаме и во сабота кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.

 

 

Слично време, само без услови за грмежи се очекува и во недела во комбинација со слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 21 степен целзиусов.

Никола Ивановски