Неделна прогноза за Куманово: Топлото време продолжува

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и релативно топло време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец кој на моменти ќе достигне брзина и над 40 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне високи 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Темпеературата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум ќе достигне 23 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 21 степен целзиусов.

Сончево и топло ќе биде времето во четврток кога ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна ќе достигне 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

 

Loading...

 

Петок носи претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од минимални 7 до максимални 24 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната ќе се искачи до 25 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 7 до максимални 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одрон кај Страцин го затвори патот Куманово – Крива Паланка

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и во текот на првата половина од следната работна недела, по што ќе следуваат врнежи од дожд.

Никола Ивановски