Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен и североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.
УХМР за регионот на Куманово издаде портокалово метео предупредување за опасност од високи температури.
Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна е прогнозирана на 36 степени целзиусови.
Сончево и многу топло време ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 37 степени целзиусови.
И во четврток ќе имаме сончево и многу точло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени додека максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.
Петок носи сончевои многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 35 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу 14 стеени, а максималната ќе достигне 34.
Сончево и топо време ќе имаме и во недела со слаб до умерено засилен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 34 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и во поголемиот дел од следната работна недела.
Никола Ивановски