Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе паднат

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работ.

Loading...

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се проширува патарината Миладиновци (ВИДЕО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 33 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 31 степен целзиусов.

Четврток носи променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 29 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брендирана облека, суплементи и инвертер запленети на ГП Табановце (ФОТО)

 

Loading...

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе биде времето во петок. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигне брзина и до 45 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и топло време со умерен до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 31 степен целзиусов.

Сончево и многу топло време ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 15 до максимални 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  61-годишен кумановец ја нападнал својата сопруга

 

 

Loading...

Почетокот на следната работна недела повторно носи повисоки температури.

Никола Ивановски