Неделна прогноза за Куманово: Температури и над 30 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македоније ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне, претежно во планинските региони, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе достигне 29 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови е можна појава на услови за дожд со грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.

За утре за регионот на Куманово од страна на УХМР се издадени две жолти метео предупредувања, едното за силен ветер, а едното за опасност од невремено со грмотевици.

Во среда ќе имаме повторно претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер, додека температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 25 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во четврток кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

 

 

Сончево и многу топло за овој период од годината ќе биде во петок кога ќе дува слаб до умерен ветер од јужен у југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 30 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 31 степен целзиусов.

Недела носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од југ и југоисток. Температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

 

Loading...

 

Следната работна недела се очекува поголем пад на температурите.

Никола Ивановски