Неделна прогноза за Куманово: Сонце и утрински минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу -6 степени, а максималната дневна ќе достигне четири степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево време со умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -8 степени, а дневниот максимум ќе достигне шест степени целзиусови.

Среда носи сончево време со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи во интервал од минимални -5 до максимални шест степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево време и драстичен скок на дневната температура. Ќе дува северозападен ветер со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи окоолу  нулата, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 45 километри на час. Минималната температура ќе се движи околу нулата, а максималната ќе достигне девет степени целзиусови.

Сабота носи променливо облачно и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални -1 до максимални 12 степени целзисови.

Во недела ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу -1, додека максималната дневна ќе се искачи дури до 17 степени целзиусови.

 

 

Релативно топлото време ќе се задржи и во текот на првата половина од следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски