Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Денеска во Куманово ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од силен ветер.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне 28 степени целзиусови.
Четврток носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 28 степени целзиусови.
Во петок ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.
Претежно сончево и топло време, со мала облачност, ќе имаме за празникот Илинден. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 30 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 32 степени целзиусови.
Слична временска состојба, но со услови за дожд, ќе имаме и во следната работна недела.
Никола Ивановски