Неделна прогноза за Куманово: Секој ден дожд

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Loading...

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и услови за грмежи во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималнта дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Врнежите, додаават синоптичарите, ќе бидат пообилни (над 25 л/м 2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови.

Во кумановско утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени целзиусови.

И среда носи облачно времс со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 15 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме исто така облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 14 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со услови за дожд и електрични празнења во попладневните часови. Ќе два слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи помеѓу осум и 19 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. температурата ќе се двожи од 10 степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.

Слично време ќе имаме и во недела, кога температурата ќе се движи од 9 до 18 степени.

 

 

Според сегашните прогнози врнежи ќе има и во текот на целата следна работна недела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски