Неделна прогноза за Куманово: Продолжува нестабилното време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови, а попладне се очекува наместа нестабилност со врнежи од дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 23 во текот на денот.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме повторно слична временска состојба со променливо облачно претпладне и нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

И среда носи сонце во претпладневните часови и дожд и грмотевици попладне. Ќе дува сла бо думерен ветер од запад и северозапад. Температурата ќе се движи од минимални 13, до максимални 22 степени целзиусови.

Нестабилност во попладневните часови ќе има и во четврток, кога ќе дува слаб до умерен ветерод северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.

 

Loading...

 

И во петок ќе имаме слично време со нестабилност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 26 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со услови за нестабилност со дожд и грмотевици и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

Недела исто така носи облачно време со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

 

 

Врнежите од дожд ќе паузираат во понеделник, па повторно ќе продолжат целата следна работна недела.

Loading...

Никола Ивановски