Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег.
Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме исто така облачно и врнежливо време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозпаден правец. Утринската температура ќе се спушти три степени во негатива, додека максималната дневна ќе достигне шест степени целзиусови.
Во среда ќе имаме променливо облачно време со услови за внрежи од дожд, но и кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната дневна ќе достигне 4 степени целзиусови.
Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти три степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне четири степени.
Врнежите конечно се очекува да престанат во петок кога ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од -6 степени целзиусови во утринските часови, до максимални три во текот на денот.
Во сабота ќе имаме сончево до умернео облачно време. ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти дури до -7 степени, а максималната дневна ќе достигне четири степени целзиусови.
Сончево и ведро ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу шест степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне шест степени во позитива.
Никола Ивановски