Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за температурен шок!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно, но многу топло време со малку сончеви зраци.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до високи 30 степени целзиусови степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со умерен до умерено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе достигне 26 степени целзиусови.

Среда носи облачно време со врнежи од дожд и нагло паѓање на температурите. Ќе дува умерен до засилен ветер од исток и југоисток, кој на моменти ќе достигнува и брзина до 50 километри на час. Минималната температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе се позиционира околу 18 степени.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала обчаност и умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

Loading...

 

Петок носи слично претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 14 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во сабота кога ќе дува умерен до умерено засилен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од минимални 5 до максимални 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски