Неделна прогноза за Куманово: По долг период, ќе имаме и дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крај е кога ќе каже Луковиќ, со тројка го шокираше Работнички

Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само шест степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а максиммалната дневна ќе изнесува 10 степени целзиусови.

По долг сушен периоди, во среда се очекува облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 3 до максимални седум степени целзиусови.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во четврток кога ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

 

 

Во петок ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна околу 10 степени целзиусови.

Сончево време ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 0 до максимални 10 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време, со нешто повеќе дождливи денови, ќе имаме во текот на следната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крај е кога ќе каже Луковиќ, со тројка го шокираше Работнички

Никола Ивановски