Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме сончево и доста потопло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 12 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, а дневната околу 11.
Во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе имаме врнежи од дожд. Температурата ќе биде во интервал од минимални 1 до максимални 11 степени целзиусови.
Облачно време ќе имаме и во сабота, но без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 3 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од -2 степени во утринските часови до 2 степени во текот на денот.
Следната недела ќе има разведрување и благ пораст на температурите.
Никола Ивановски